Двата гола на Антоан Гризман и непробојната одбрана беа доволни домаќинот Франција да ја совлада Германија која беше доминантна во поголемиот дел на натпреварот, но не успеа да постигне гол. Во финалето во недела екипата на Дешамп ќе игра против Португалија која ги изгуби сите десет последни натпревари против Франција.
“Имаме три дена до финалето, тоа е многу краток период…ова е важен чекор за нас, но најважниот чекор е во недела. Ќе направиме сѐ што е во наша моќ во недела да влеземе во натпреварот на најдобар можен начин”, изјавил селекторот на Франција Дидие Дешамп.
Дешамп, кого новинарите мораа долго да го чекаат за да даде изјава, рекол дека задоцнил бидејќи го понела атмосферата откако Франција по прв пат ја победи Германија на големо натпреварување од Светското првенство во 1958 година.
“Тоа е фантастичен резултат и помина долго време откако последен пат ја победивме Германија на големи натрпеварувања, Франција ова не го видела 58 години, но со тоа не направивме ништо. Сега мораме да се бориме за титулата против Португалија”, додаде францускиот селектор.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град