Франција ќе го игра најемотивниот натпревар во историјата

Фудбалот одлучи дека нема да потклекне пред тероризмот

 |  инфодеск  | 

“Поразот дефинитивно не е опција бидејќи поразот би значел дека победило безумието”. Ова е пораката на францускиот фудбалски сојуз кој утрово објави дека во вторник ќе го одигра пријателскиот натпревар против Англија на Вембли.

Многу француски медиуми по трагедијата во Париз напишаа дека пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Франција ќе биде одложен, но галските петли “закукурикаа” посилно отколку досега и за инает на терористите отпатуваа на најтешкиот меч во својата историја, бидејќи емоциите го достигнале врвот.

“Франција никој не може да ја сруши! Франција е на нозе. Одиме на Вембли. Не ги прашав играчите, тие ќе играат”, порачал претседателот на Францускиот фудбалски сојуз Noel La Graet.

“Ќе ја искористиме оваа прилика да оддадеме почит на жртвите од стравичниот терор. Ќе покажеме дека сочуствуваме со францускиот народ”, одговорил првиот човек на англискиот фудбал, Greg Duke.

Француската репрезентација е облеана во тага дополнително бидејќи покрај 129 жртви на нападите во Париз, тие сочуствуваат и настојуваат да го охрабрат својот колега Lassana Diara кој ја загубил роднината во нападите.

Stade de France во петокот за време на евакуацијата одекнуваше со Марсељезата, а може да се замисли интонацијата на француските репрезентативци во вторник во Лондон. Заедно со Англичаните, заедно со Вембли, заедно, конечно со целиот свет.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top