Формула1 доби нов најмлад победник во својата историја

Првата трка на тлото на Европа оваа сезона имаше спектакуларен старт

 |  инфодеск  | 

Победник за Големата награда на Шпанија е 18 годишниот Холанѓанец Макс Верстапен, голем талент кој со овој триумф стана најмладиот воач кој некогаш славел на трка во Формула 1.

Петтата трка оваа сезона имаше спектакуларен старт – по неколку стотина метри се судрија Нико Розберг и Луис Хамилтон, двоецот од Мерцедес кој е и оваа година покажа дека е доминантен болид во Ф1. Тоа автоматски значеше дека победничката низа на Розберг е прекината.

Кога од патеката се тргна безбедносното возило водечки беше Даниел Рикардо пред Верстапен, а зад возилата на Ред Бул се сместија Карлос Сајнц во Торо Росо и двете Ферарија на Фетел и Раиконен.

Освен храброто возење, клучот за победата беше и стратегијата од две одења во бокс, исто како и Раиконен, додека Рикардо и Фетел одеа по три пати.

Последните 20 кругови Верстапен беше водечки со помалку од една секунда пред Раиконен, но издржа до крај и стигна до првата победа во Ф1, но никој не можеше да замисли дека тој тоа ќе го направи во својата втора сезона, па дури ниту водечките луѓе на Ред Бул кои го протераа Квајт поради низа инциденти и одлучија да му дадат прилика на Верстапен. Тој се оддолжува на најдобар можен начин, но никој не очекуваше тоа да биде толку брзо.

Поредок на ГН Шпанија:

  1. Max Verstappen
  2. Kimi Räikkönen
  3. Sebastian Vettel
  4. Daniel Ricciardo
  5. Valtteri Bottas
  6. Carlos Sainz Jr
  7. Sergio Pérez
  8. Felipe Massa
  9. Jenson Button
  10. Daniil Kvyat

Поредок во вкупен пласман:

  1. Nico Rosberg Mercedes 100
  2. Kimi Raikkonen Ferrari 61
  3. Lewis Hamilton Mercedes 57
  4. Sebastian Vettel Ferrari 48
  5. Daniel Ricciardo Red Bull 48
  6. Max Verstappen Red Bull 38
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top