ФИФА објави дека ќе продолжи да соработува со властите откако полицијата упадна во луксузниот швајцарски хотел Baur au Lac и спроведе апсења.
Полициските службеници влегле во луксузниот хотел во Цирих на задната врата и одвела две лица во неозначени автомобили низ гаражата, јавува BBC.
Мета на полицијата биле сегашни и поранешни високи функционери на ФИФА кои се теретат за рекетирање, перење пари и измами, рекле официјални лица на ФИФА.
Во хотелот се одржуваше дводневен состанок на извршниот комитет на ФИФА.
“ФИФА е свесна за акцијата која ја спроведува Американското министерство за правосудсво. Ќе продолжиме да соработуваме со властите на САД во потполност како што дозволува швајцарскиот закон и додека истрагата ја води државниот обвинител. ФИФА нема да ги коментира денешните случувања”, се вели во соопштението на ФИФА.
Светската фудбалска организација ја тресат скандали веќе подолго време, а нејзини официјални лица се осомничени за земање мито и корупција, посебно во случаите за избор на домаќин за мундијалите. Бројни функционери на оваа куќа се суспендирани и се предмет на истрага, додека Сеп Блатер се повлече од функцијата претседател и неговиот наследник ќе биде биран во февруари наредната година. Швајцарското обвинителство објави дека истрагата против ФИФА ќе трае најмалку пет години.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град