ФИБА попушти, Русија ќе игра на Евробаскет

Сојузот суспендиран, но играчите, тренерите и судиите можат да настапуваат

 |  инфодеск  | 

ФИБА на својата официјална страница објави дека по сослушувањето на водечките луѓе во Рускиот сојуз, руското министерство за спорт и Олимпискиот одбор на Русија е одлучено дека суспензијата останува на сила, но и дека играчите, тренерите, судиите и останатиот помошен персонал можат да учествуваат на натпреварувањата.
ФИБА ја суспендира Русија на 29 јули поради нерешавање на долгогодишните институционални и правни проблеми. Така Русија ќе настапи на ЕП од 5 до 20 септември во групата А во Монпеље со Франција, БиХ, Финска, Полска и Израел.
ФИБА истата одлука ја донесе и за Јапонија, но и за машката и женската репрезентација на Бразил кои ќе можат на тој начин да настапат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро идната година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top