И покрај тоа што Европското првенство сеуште трае, фудбалскиот пазар не мирува. Само на 15 до сега најскапи трансфери се потрошени повеќе од половина милијарда евра (поточно 530), а моментално летниот рекорд го држи кинескиот SIPG кои одвои 55,8 милиони евра за доведувањето на Hulk.
Што се однесува до клубовите, засега најмногу вложи Манчестер Јунајтед (80 милиони евра), додека нешто помалку потроши Баерн Минхен (70 милиони).
На списокот може да се види за кои 15 играчи се работи, но треба да се има предвид дека ова е само почеток бидејќи се очекуваат трансфери на Pogba, Higuain, James Rodrigez и Romelu Lukaku, а изненадување е што мадридски Реал е многу тивок во овој период што за нив е невообичаено.
Samuel Umtiti од Лион во Барселона – 25 милиони евра
Nico Gaitan од Бенфика во Атлетико Мадрид – 25 милиони евра
Breel Embolo од Базел во Шалке04 – 27 милиони евра
Ilkay Gundogan од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити – 27 милиони евра
Alvaro Morata од Јувентус во Реал Мадрид – 30 милиони евра
Grzegorz Krychowiak од Севиља во ПСЖ – 33,6 милони евра
Miralem Pjanic од Рома во Јувентус – 32 милиони евра
Renato Sanches од Бенфика во Баерн Минхен – 35 милиони евра
Mats Hummels од Борусија Дортмунд во Баерн Минхен – 35 милиони евра
Eric Bailly од Виљареал во Манчестер Јунајтед – 38 милиони евра
Michy Batshuayi од Марсеј во Челзи – 39 милиони евра
Sadio Mane од Саутемптон во Ливерпул – 41,2 милиони евра
Henrikh Mkhitaryan од Борусија Дортмунд во Манчестер Јунајтед – 42 милиони евра
Granit Xhaka од Борусија Менхенгладбах во Арсенал – 45 милиони евра
Hulk од Зенит во SIPG – 55,8 милиони евра.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град