Европскиот шампион во Скопје

Утре пристигнува делегацијата од Хамбург

 |  инфодеск  | 

Утре во Скопје пристигнува делегацијата на актуелниот европски шампион Хамбург, противник на македонскиот првак во осминафиналето од Лигата на шампионите. Екипата која беше најуспешна во групата “Д“ од претходната фаза во ЛШ, во која освои 18 бода, најмногу од сите 24 клубови во досегашната сезона.

Хамбург имаше 9 победи, што не го постигна ниту една екипа во сите 4 групи, во кои забележа 5 победи на домашен, и 4 на гостински терен. По двапати ги поразија Словенечкиот Горење Велење, Алборг од Данска, Натурхаус Ла Риоха од Шпанија и Дрот Халмштад од Шведска, а еднаш бундеслигашкиот ривал Флензбург. Токму од нив го претрпеа единствениот пораз на гостувањето на 21 ноември, но го освоија првото место со бод предност. Колку беа доминантни германските клубови во Д групата потврдува и бодовното салдо, според кое Хамбург имаше 10 бода повеќе од Горење Велење и од Алборг, кои исто така се пласираа во нокаут рундата.

Статистички земено Хамбург постигнуваше по 33 гола на секој натпревар, што е втор учинок од сите клубови, зад оној на Барселона која имаше по 34.8. Нивната одбрана прими 26.6 погодоци по натпревар, со што е на четвртата позиција во ЛШ зад Веспрем со 24.3, Рајн – Некар со 25.2 и Барселона со 25.6 примени гола во просек.

За нивната форма во овој период потврда се резултатите во Бундес лигата. По загубениот дерби меч на гостувањето во Кил на 26 декември немаат пораз во 2014 година, а на шесте последни настапи постигнаа 5 победи и само еден нерешен резултат против Балинген. На гости го победија Вецлар, Гумерсбах и Гепинген, а дома Меслунген и Ајзенах. Последниот меч го одиграа на 15 март во 26 коло, што беше и нивен јубилеен 400 натпревар во лигата кој го следеа 8.483 гледачи, а ја забележаа 20 победа во лигата со 27:23. Шредер и Марковиќ постигнаа по 5 гола, а Дувњак, Тофт Хансен и Канелас имаа по гол помалку.

Во моментов се на делба на третата и четвртата позиција со 42 бода заедно со Флензбург, еден бод пред нив е Рајн – Некар Левен, а лидер е Кил со 45 бода. Клубовите од големата четворка во Биндес лигата деновиве ги играат првите натпревари од 1/8финалето во ЛШ.

Првиот настап на “црвено црните“ нокаут фазата пред својата верна армија навивачи, не можеше да има подобар и поатрактивен ривал од актуелниот носител на континенталната круна Хамбург.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top