Честа за организација на завршницата од Еуро 2020, раширена по стариот континент, ја добија 13 градови од 19 колку што беа во конкуренцијата. Вембли ќе ги угости полуфиналистите и финалистите, додека четвртфиналните натпревари ќе се играат во Рим, Минхен, С.Петерсбург и Баку.
-Беше тоа сон кој со овој чин станува стварност, рекол Мишел Платини отварајќи ги победничките коверти. Епилогот на приказната донесе најмногу радост кај англиската делегација заради добивање на организацијата за полуфиналето и финалето од Еуро 2020.
Освен тоа Вембли е омилена фабрика за пари на Уефа бидејќи една петтина од капацитетот (17.000) отпаѓа на скапи корпоративни места, а факт е дека во последните четири години дури две финалиња од Лигата на шампиони се играа на Вембли.
Единственото изненадување е добивањето на организација за натпревари на Азербејџанскиот Баку, а останатите организатори во групите ќе бидат Копенхаген, Букурешт, Амстердам, Даблин, Билбао, Будимпешта, Брисел и Глазгов, кои добија по три нтпревари во групи, а потоа и натпреварите во осминафиналето.
Без организација од конкурентите останаа Минск, Софија, Ерусалим, Стокхолм, Кардиф и нашиот Скопје.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град