Другата страна од Светското првенство

Светското првенство одамна не е само спортски настан

 |  инфодеск  | 

Светското првенство во Бразил започна и сите екипи, помалку или повеќе, се надеваат да стигнат што подалеку во натпреварувањето, но победникот е веќе извесен.

СП одамна престана да биде само спортски настан. Тоа е бизнис каде се вртат милијарди евра и вистинскиот добитник се чини дека е куќата на фудбалот ФИФА.

“Непосредните вложувања изнесуваат околу 10 милијарди евра а тоа се пред се инвестиции во стадиони, аеродроми, телекомуникации и слично. Очекуваниот вкупен приход е околу 3,5 милијарди евра. Околу две милијарди ќе дојдат од телевизиските права за пренос, а остатокот од маркетинг”, пресметал Henning Vopel, виш економист на хамбуршкиот економски институт HWWI, јавува DW.

Но, и покрај мислењето на институтот дека ФИФА ги става парите на свое конто, Kay Schiller смета дека тоа не е така точно. Тој е историчар од универзитетот Durham на северот од Англија и е автор на книгата “СП 74 – Кога фудбалот стана модерен”.

Тој внимателно ги проучил финансиите во изминатите СП и секако дека не ги оспорува заработувачките на ФИФА туку ги дообјаснува дека се преувеличени.

“ФИФА зема само 10% од добивката а 90% се проследуваат на поединечни национални фудбалски сојузи”, објаснува Schiller. Правилата се строги кој и колку добива. Најмногу добиваат учесниците на завршницата на Светското првенство, во зависност до каде стигнале на турнирот, но добиваат и екипите кои учествувале во квалификациите.

Сепак, и 10% кои ги собира ФИФА не се малку. Тоа, спрема оваа пресметка би биле околу 350 милиони евра. “Сите зборуваат за огромните средства кои ќе ги добие ФИФА, но не смее да се заборави дека во 2001 година истата таа ФИФА беше на раб на банкрот”, потсетува Schiller.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top