“Договорот со Нејмар потполно легален“

И покрај тужбата, Претседателот на Барселона во одбрана

 |  инфодеск  | 

Преседателот на Барселона Џозеф Бартомеу застанал во одбрана на договорот со Бразилецот Нејмар, иако е подигнато обвинение против клубот за затајување на данок.

„Се што имаме направено е во склад со законот и ќе одиме секаде каде што треба тоа да го објасниме“, рекол Бартомеу во интервјуто за шпанската телевизија.

Тој нагласил дека договорот помеѓу Нејмар и бразилскиот клуб Сантос е потполно легален.

„Преговорите, финансиските трансакции и договорите се потполно легални и сето тоа повторно така би го направиле“, рекол првиот човек на Барселона.

Екс претседателот на Барселона, Сандро Росел, поднесе оставка на таа функција минатиот месец, по објавувањето дека договорот со Нејмар чинел 97 а не 57,1 милиони евра, колку што е пријавено.

Шпанскиот El mundo deportivo порано објави дека во договорот кој Барселона го потпишала со Нејмар, детално се прикажани податоците за милионските суми кои биле наменети за фамилијата на Нејмар, но дотогаш биле криени.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top