Директорот на Лејкерси објави тажна вест

“Верувам дека е во последната година од кариерата”

 |  инфодеск  | 

Генералниот директор на кошаркарскиот клуб Лејкерс од Лос Анѓелес, Мич Купчак, открил за медиумите дека еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, е на крајот од кариерата и дека следната сезона ќе замине во пензија.
“Верувам дека е во последната година од кариерата. Нема никаков разговор за продожување на соработката, а на крајот од следната сезона му истекува договорот. Мислам дека нема да има преговори”, изјавил Купчак.
“Разговараме од време на време. Се опоравува, трча, ја гради мускулатурата за враќање. Но искрено, поблиску е до пензија отколку до нов почеток на паркетот. Моментално не разговараме за некаква разделба, но кога ќе дојде моментот за тоа, тој ќе биде испратен на најдобар можен начин”, заклучил Купчак.
Доколку ја започне новата сезона, Брајант на својот грб ќе има 37 години и тоа ќе му биде 20-та кампања со Лејкерси. Тој е петкратен првак во НБА лигата и моментално трет на листата на стрелци на сите времња со 32.482 поени.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top