• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Денес стартува најскапото и најсилно Светско првенство во ракомет

Денес стартува најскапото и најсилно Светско првенство во ракомет

Македонија пред нов предизвик

 |  инфодеск  | 

Светското првенство започнува денес со натпреварот помеѓу домаќинот Катар и Бразил во 18.30 часот. На првенството ќе настапат 24 репрезентации од целиот свет, при што 15 се од Европа. Интересно е тоа што Меѓународната ракометна федерација за ова првенство прати и три покани а ги добија Германија, Исланд и Саудијска Арабија. Мнозинството експерти се сложува дека ова ќе биде едно од најизедначените и најквалитетни првенства досега.

Репрезентациите се поделени во 4 групи по 6 екипи. И овој пат нема втор круг на натпреварување по групи, туку четирите најдобри во групите ќе се пласираат во осминафинале и потоа следува фаза на испаѓање.

Македонија на првенството ќе игра во групата Б заедно со Хрватска, Босна и Херцеговина, Австрија, Тунис и Иран.Во осминафиналето ќе вкрстуваат со групата А во која се Шпанија, Словенија, Катар, Белорусија и Чиле.

Во групата Ц се Франција, Шведска, Алжир, Чешка, Египет и Исланд која ќе вкрстува со групата Д во која се Данска, Полска, Русија, Аргентина, Саудијска Арабија и Германија.

Светскиот првак ќе избори директен пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 година, додека позициите од второто до седмото место водат во квалификациите за Олимписките игри. Доколку Бразил биде во првите седум тогаш во игра е и осмата позиција. Осмото место е во игра и доколку некоја екипа од 1-7 место ја освои титулата европски првак идната година во Полска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top