Денес спектакл во Кардиф

Застрашувачка формација на европскиот шампион

 |  инфодеск  | 

Шпанските прволигаши Реал Мадрид и Севиља денес на стадионот Милениум во Кардиф ќе ги одмерат силите во борба за првиот трофеј во оваа сезона, европскиот Суперкуп.

Кралскиот клуб во Кардиф доаѓа како Европски првак, додека Севиља минатата година славеше во Лигата на Европа. Двата тима по еднаш го имаат освојувано овој трофеј, Реал во 2002 година против Феенорд (3-1), а Севиља во 2006 против Барселона (3-0). Ова ќе биде четврти суперкуп во кој се среќаваат тимови од иста земја.

“Двата тима имаа одлична сезона и би било убаво со трофеј да се започне новата сезона. Севиља минатата сезона играше одлично, но ова лето тимот е многу изменет и тешко е да се предвиви неговата сила. Ќе биде интересно”, рекол Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид.

Реал ова лето потроши 120 милиони евра на три играчи, од Монако е доведен Хамес Родригез за 80 милиони, од Баерн пристигна Тони Крос за 30 милиони, а од Леванте голманот Кејлор Навас за 10 милиони евра. Спрема информациите кои стигнуваат од Реал, Родригез и Крос ќе бидат во екипата додека голманот Навас натпреварот ќе го почне од клупата, а местото на голот ќе го добие искусниот Касиљас. Од првата минута се очекува да започне и Герет Бејл, како и Кристијано Роналдо, но Велшанецот ќе настапи во својот роден град. “Цела фамилија и сите мои пријатели ќе бидат на трибините. Со нетпрпение го очекувам натпреварот, ова ќе биде посебен двобој”, рекол Бејл.

Севиља во текот на летото ја напуштија седумина, меѓу кои се тројца кои беа столбот на тимот, Иван Ракетиќ, Марко Марин и Диего Пероти. Тимот го напуштија и Алберто Ботиа, Николас Пареха и Стефан М’биа. Нови лица на Санчез Пискуан се Алекс Видал, Денис Суарез, Иаго Аспас, Гжегож Кричовјак и Даниел Карико.

“Реал е фаворит, тоа е секако јасно. Меѓутоа, против Севиља на никого нема да му е лесно”, смета тренерот на Андалузијците, Унаи Емери.

Натпреварот ќе го води Англичанецот Марк Клатенбург.

Веројатни состави:

Реал Мадрид – Касиљас, Карвахал, Пепе, Рамос, Коентрао, Крос, Модриќ, Бејл, Родригез, Роналдо и Бензема.

Севиља – Бето, Коке, Пареха, Фазио, Морено, Кричовјак, Денис, Карико, Ибора, Аспас и Бака.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top