Чиле е победник на Копа Америка, Меси објави повлекување

Една од најголемите фудбалски ѕвезди во светот, Лионел Меси, објави повлекување

 |  инфодеск  | 

Победник на јубилејната Копа Америка е репрезентацијата на Чиле која во финалето на пенали со 4-2 ја совлада Аргентина

За време на 120 минути Аргентинците беа подобри, но некои исклучително добри прилики не беа претворени во погодок. Најдобрата во 20 минута ја имаше напаѓачот на Наполи, Гонзало Игуаин кога се најде еден на еден со голманот на барселона Клаудио Браво, но овој промаши цел гол.

Откако иницијативата не беше претворена во гол за трофеј, одлуката за победникот падна со удари од белата точка. Во првата серија промашија и едните и другите – Меси и Видал – но до крајот Чилеанците четири пати погодија, а победата им ја донесе Франциско Силва откако Браво го одбрани ударот на Лукас Биље.

За Аргентина ова е трето изгубено финале во последните три години, по Светското првенство во Бразил и минатогодишната Копа Америка кога на пенали ги победи Чиле.

Една од најголемите фудбалски нации на трофеј чека веќе полни 23 години, од 1993 година кога ја освоија Копа Америка, а очигледно е дека ќе почека уште некоја година.

По поразот, Аргентинците ги дочека уште една, многу полоша вест – Лионел Меси објави дека нема повеќе да игра за репрезентацијата.

“Готово е моето играње за репрезентацијата. Направив сѐ што можев, ова боли кога не сте првак”, изјавил Меси кој од 2005 година во дресот на Гаучосите настапи 112 пати и постигна 55 голови.

Во малото финале за третото место Колумбија ја совлада репрезентацијата на САД со 1-0.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top