Пред две години како слободен играч преминал од Манчестер Јунајтед во Јувентус каде многу брзо се потврди дека Погба (20) е еден од најталентираните играчи за врска во светот. На него фрлија око многу клубови кои имаат повеќе пари од старата дама така што челниците на Јувентус во тек на летото би можеле да дојдат во искушение.
Gazzeta dello Sport пишува дека претседателот на Јувентус Андреа Ањели бил во Париз каде се состанал со првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келафи. Арапскиот тајкун при средбата понудил за Погба дури 70 милиони евра отштета.
Меѓутоа, како што пишува Gazzeta, Јувентус засега се воздржува од прифаќање на понудата затоа што околу младиот фудбалер се интересираат и Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Сити. Јасно е дека челниците на Јувентус со мафтање со оваа понуда би ги натерало споменатите богаташи уште подлабоко да посегнат во својот џеб.
Договорот на Погба со Јувентус важи до 2016 година. Оваа сезона од 25 настапи во Серија А постигнал шест голови и осум пати асистирал.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град