Бунт во формула 1

Ова беше страшно

 |  инфодеск  | 

Првата трка во новата сезона на Формула 1, големата награда за Австралија минатиот викенд, не донесе успех, ни приближно, каков што организаторите очекуваа.

Ron Walker, претседателот на австралиската ГранПри корпорација и долгогодишен сојузник на шефот на Ф1 Bernie Eccleston, најавил можна жалба поради кршење на договорот. Имено, болидите по промената на моторите од V8 на V6 звучеле повеќе како картинг автомобили, а не како класични Ф1 болиди кои возат и преку 350 км на час.

Не плативме да го гледаме ова! Сите промотори ширум светот ќе се жалат. Ова беше престрашно“, рекол Walker, а со тоа се сложил и Bernie Ecclstone.

не бев згрозен од бучавата туку од недостаток од неа. Жал ми е што се случи тоа за кое цело време говорев. Ова не е тоа како би требало да звучат болиди на Ф1“, рекол шефот на Ф1.

Да потсетиме дека Ecclstone беше голем противник за менување на моторите, затоа што предвидел дека публиката на трибините ќе биде погласна од болидите, а тоа всушност и се случи во Австралија.

Не знам дали е возможно да се зголеми бучавата на моторите, но тоа би требало да се истражува во иднина. Одиме прво со неколку воведни трки па ќе превземеме нешто по ова прашање. Но не смееме да чекаме крај на сезоната. Тогаш би било предоцна затоа што ќе ги изгубиме промоторите и спонзорите“, рекол Ecclstone.

Претседателот на Ферари Luca di Motezemolo на новинарите им открил дека никогаш во животот не добил толку жалби за звукот на моторите на трката во Австралија.

„Болидите звучеа како возилата на голф терените“, рекол долгогодишниот посетител на трката во Алберт Парк и екс играч на крикет, Dean Jones.

Договорот на ГН за Австралија истекува по трката следната сезона, а Walker најавил дека, доколку работите не се подобрат, ќе ја откажат соработката со Ф1 и на Алберт Парк ќе ја донесат Indi Car серијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top