Во четвртфиналето на Светското првенство ќе гледаме четири екипи од богатата Европа и четири екипи од централна и јужна Америка чии граѓани финансиски не стојат баш најдобро.
Од сите учесници во четвртфиналето најголем бруто национален доход по глава на жител има Холандија, која е на 12 место (листата на ММФ од 2013 година). На 15 место е Германија, Белгија го завзема 20 место, а три места подолу е Франција.
Меѓу првите 50 нема ниту еден воневропски четвртфиналиста – Аргентина е на 55 место со 18.749 долари по глава на жител, на 76 место е Костарика, три места подолу е Бразил, а Колумбија по тој критериум е на 85 место (11.189 долари).
Мечевите од четвртфиналето на Мундијалот се играат во петок (Франција – Германија, Бразил – Колумбија) и сабота (Аргентина – Белгија, Холандија – Костарика).
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град