• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Сеп Блатер добива сериозен противкандидат за местото претседател на Фифа

Сеп Блатер добива сериозен противкандидат за местото претседател на Фифа

“Моменталната репутација на Фифа е грозна”

 |  инфодеск  | 

Екс португалскиот репрезентативец и поранешен играч на Реал Мадрид и Барселона, Луис Фиго, е новиот кандидат за местото претседател на Меѓународната фудбалска организација – Фифа.

Фиго ќе биде противкандидат на Јозеф Блатер кој е на чело на Фифа уште од 1998 година. Португалецот верува дека е способен да го осветли образот на Фифа и која во последно време е синоним за корупција, лаги и измами, заедно со Блатер на чело.

“Моменталната репутација на Фифа е грозна. Не ми се допаѓа тоа што го гледам. На гласачите имам да им порачам само една работа: Не се плашете од промени”, рекол Фиго откако ја објавил веста дека ќе се кандидира за местото претседател.

Поранешниот фудбалер на Реал и Барселона така стана шести кандидат за местото претседател по јорданскиот принц Али бин Ал-Хусеин, претседателот на фудбалскиот сојуз на Холандија Михаел Ван Прааг, двајцата Французи Давид Жинола и Жером Шампањ, и Блатер кој се кандидира по петти пат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top