Треската околу продажбата на Милан заврши со изјавата на контроверзниот Силвио Берлускони, политичар, медијски магнат и сопственик на Милан, веќе 30 години. Откако излезе од болница, каде се опоравуваше од операција на срцето, застана пред медиумите и ги помина сите теми,а секако меѓу нив беше и долго најавуваната продажба на клубот.
“Милан го одбра патот со Кинезите. Важна е одлуката клубот повторно да биде конкурентен во Италија и Европа. Не разговаравме за цената, прифатив она што ми понудија. Сакам да го завршам моето 30-годишно владеење во кое Милан освои 28 трофеи и ја зголеми војската навивачи”, изјавил Берлускони.
Крајот на целата работа и предавањето на Милан во рацете на Кинезите се очекува на есен, а преддоговорот ќе биде потпишан следната недела. Ова е резултат на повеќемесечни преговори.
Берлускони откри дека со новите кинески сопственици, кои не ги именуваше, се договорил во првите две сезони да вложат 400 милиони евра во клубот. Таа цифра сигурно ќе им се допадне на навивачите кои со години чекаат некогашниот еуро великан повторно да биде конкурентен.
Милан во 21 век освои само две скудета и покрај двете освоени Лига шампиони во последните 15-20 години живее во сенка на Јувентус и градскиот ривал Интер. Со вакви вложувања тоа конечно би можело да се смени и покрај тоа што и градскиот ривал доби слични сопственици.
Сега двата милански великани се во рацете на Кинески групации. Интер неодамна го купи групацијата Sunning Holdings и ќе биде интересно да се види како новите сопственици ќе ги водат клубовите од Милано. Кинезите вложуваат огромни суми на пари во фудбалот и тоа е дел од нивната стратегија за влијание во светот.
Се знае дека фудбалот е повеќе од спорт и Кинезите одлучија кај себе да доведат големи ѕвезди како што е на пример Хулк, но тие исто така почнаа да купуваат и клубови ширум светот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град