Веста која се појавила во тајландските медиуми добила на внимание и во Европа. Имено, угледниот англиски Guardian ја пренесува веста на Bangkok Post кој тврди дека тамошниот ултра богат бизнисмен Bee Taechaubol понудил неверојатни една милијарда евра за купување на фудбалскиот клуб Милан и тоа не за комплетниот контролен пакет туку точно за 50% на акциите.
Истиот извор наведува дека богаташот од Југоисточна Азија наводно е уверен дека целата работа ќе биде завршена за еден месец. Ако оваа вест се покаже за точна, тоа би можело да значи враќање на седмократниот првак на Европа меѓу елитата на евро великаните. Милан моменатлно е на 11-то место во домашното првенство.
Засега нема информации дали Silvio Berlusconi ќе ја прифати оваа неверојатна понуда, а веќе имаше приказни за можна продажба на клубот на арапските шеици, но од тоа ништо не се отствари.
Интересно е тоа што и градскиот ривал, Интер, пред неколку години го купи малезискиот богаташ Erick Thohir. Но, тој не се расфрли веднаш со парите, па Интер сеуште не собира плодови по купувањето на азискиот сопственик.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град