Berlusconi го продава Милан?

Преговорите во тек за сума од 500 милиони евра

 |  инфодеск  | 

Сопственикот на фудбалскиот клуб Милан и екс премиер на Италија, Silvio Berlusconi, треба да се сретне со тајландскиот стопанственик Bee Taechaubol и да преговара за можната продажба на мнозинскиот пакет акции на седумкратниот европски првак, потврдил за Reuters извор близок до Berlusconi.

Истиот извор тврди дека состанокот помеѓу Berlusconi и Teachaubol нема да биде одлучувачки, но “секако дека е многу важен” за расплетот околу преговорите за продажбата.

Италијанскиот бизнис дневник Sole 24 Ore денес објави информација дека Тајланѓанецот понудил 500 милиони евра за 51% на акциите на Милан.

Гласините за продажба на Милан долго кружат по светските медиуми, а Taechaubol уште во март се истакна како еден од можните купувачи.

Но, понудата околу која се шпекулираше се однесуваше на само една третина од акциите и за половина помалку од сумата за која сега излегоа информации и за кои Тајланѓанецот е спремен да се појави пред сопственикот на Милан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top