Три години откако ја напушти Барселона, Пеп Гвардиола по прв пат се враќа на Ноу Камп во официјална посета. Неодамна ја следеше победата на својот екс клуб во Ел Класико и ужуваше во мајсториите на Лео Меси. Сега дојде и тој момент да води тим кој ќе се соочи со неговата Барса и неговиот омилен Аргентинец.
Пеп дома пристигнува со Баерн Минхен кој успеа да го скрши митот на “тика-така”, но оној на Хејкенс пред две години кога во полуфиналето Барселона беше прегазена со вкупни 7-0.
Луис Енрике успеа малку да ги смени работите и играта да ја направи малку повертикална, а Меси го прифати своето место на десната страна (иако често се враќа на средината да ја превземе топката). Со Луис Суарез Барселона доби побрутален напад, а за тоа сведочат бројките – тројката МСН оваа сезона постигна дури 108 голови, а само во 2015 година дури 51 гол.
Јасно е дека Барселона е во феноменална форма и бара освета за 2013 година, а за тоа се присети и самиот Меси на прес конференцијата. Во осмина и четвртфиналето Барса славеше во сите четири натпревари против силните и богати Манчестер Сити и ПСЖ. Во последните два натпревари во Примера постигнаа дури 14 погодоци, а последен пат примија гол од ПСЖ пред три недели.
И додека Барса нема поголеми проблеми со повреди (освен Матие), Гвардиола на располагање ги нема Робен, Рибери и Алаба додека Левандовски ќе игра со маска. Но, тоа не е единствен проблем за Баварците, туку и со формата. Баерн нема победа на три гостувања во Лигата на шампиони, расположението, по победата над Порто, го расипаа и поразите во купот, од Борусија Дортмунд и во шампионатот од Баер Леверкузен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град