Барселона се продаде на Мадриѓани

“Ова е предавство, ние сме вистинските Каталонци”

 |  инфодеск  | 

Барселона повторно е во центарот на вниманието во Шпанија со кревањето на голема прашина со продажбата на телевизиските права за следната сезона на шпанската мултинационална компанија Telrfonica. На тој начин каталонскиот клуб ја раскина соработката со долгогодишнио партнер Mediapro на чие чело е познатиот каталонски продуцент Jaume Roures, кој крена голема врева и смета дека Барселона го изиграла.

“Подобра им е Telefonica отколку вистинските Каталонци како што сме ние. Барса се постави некоректно спрема Mediapro. Тоа е комбинација на валкана игра и предавство. Нашата лојалност спрема клубот секогаш била над обична бизнис зделка. Освен тоа, ние имавме подобра понуда, и во финансиски смисол и на полето на интернационална експанзија”, гневно порачал Roures додавајќи дека приказната би била поинаква да се сочекаа изборите за нов претседател на Барселона.

Telefonica фигурира како една од најголемите приватни телекомуникациски компании во светот, но Roures алудира на тоа дека седиштето е во Мадрид и дека ја водат менаџери од Кастиља. Челниците на Барселона наводно биле под голем надзор и притисок пред да го потпишат договорот. Roures ги поткренал и своите врски во Катар каде годинава отстварил многу познанства со тамошната бизнис елита работејќи продукции за катарските телевизиски станици, а се знае дека Барселона има лукративен спонзорски договор со катарски компании. Но, на Roures очигледно не му успеало да го смени мислењето на челниците на Барселона.

“Ова е фарса, воопшто не ги разгледувале понудите, туку одамна се договориле”, порачал Roures.

Се шпекулира дека Барселона за новиот договор добила околу 140 милиони евра, што е веројатно нешто помалку од она што го понудила Mediapro, но каталонскиот клуб сепак се одлучил за новиот партнер. Причината е додатниот маркетиншки договор со Telefonica која на Барселона ќе ѝ донесе додатни 40 милиони евра во следните три години. Спрема договорот Telefonica ќе биде задолжена и за маркетиншка експлоатација на клупската телевизија, BarsaTV.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top