• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Барселона не смее да користи каталонски знамиња во финалето на кралскиот куп

Барселона не смее да користи каталонски знамиња во финалето на кралскиот куп

Пораката од каталонскиот клуб е“Ова се противи со здравиот разум”

 |  инфодеск  | 

Барселона и Севиља финалето на кралскиот куп го играат во недела на стадионот Висенте Калдерон, а властите забранија на натпреварот да се истакнуваат провокативни симболи. Под тоа се мисли на жолто-црвеното знаме на Каталонија со ѕвезда, бела или црвена, позната како естелада.

Гувернерката на Мадрид, Concepcion Dancausa на конференцијата за новинари изјавила: “фудбалот и стадионите не се полигони за политичка борба. Нема да дозволиме на стадионот да се внесат било какви знамиња, ниту други симболи кои се во спротивност со Уставот на Шпанија”.

Од Ноу Камп реагирале веднаш кога ја чуле оваа вест.

Од Барселона порачуваат дека забраната за внесување на каталонски знамиња на стадионот е напад на правата на секој поединец без цензура да ги изрази своите идеи и мислења, како и дека таа одлука се противи со здравиот разум.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top