По повеќе од два месеци Роберт Левандовски доби сертификати за влез во Гинисовата книга на рекорди.
Асот на Баерн Минхен на 22 септември постигна пет погодоци во девет минути и испиша нова страница на фудбалската историја. Волфсбург водеше на полувреме со 1-0 на Алианц арената, но фантастичниот репрезентативец на Полска влезе на полувремето и во период од 51-ва до 60-та минута поентираше пет пати.
Тогаш сруши низа рекорди, а поради четири заврши во Гинисовата книга на рекорди. Постигна најбрз хет-трик, најбрзо стигна до четврт и петти гол и стана замена која постигна најмногу погодоци на еден натпревар во Бундес лигата.
Во клупските простории Левандовски денес доби признанија со кои позираше за медиумите.
Имено, полскиот репрезентативец ужива во фантастичната сезона која е подобра од оние две во кои со Борусија Дортмунд со Клоп на чело ја доведе до две последователни титули во Германија.
За Баерн Минхен во сите натпреварувања во 21 настап постигна 20 голови (со четири асистенции), а формата од клубот ја пренесе и на репрезентацијата со шест голови во четири есенски квалификации и е најзаслужен за пласманот на Полска која директно се пласира на Еуро во Франција.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град