Меѓународната фудбалска федерација ја казни репрезентацијата на Аргентина со 336.000 долари бидејќи нејзините фудбалери не дошле на четири новинарски конференции за време на Светското првенство во Бразил.
Дисциплинската комисија на ФИФА навела дека Аргентина ги прекршила медиумските правила со недоаѓање на конференциите за новинари по натпреварите со Нигерија, Швајцарија, Белгија и Холандија, каде беше присутен само селекторот Alejandro Sabella.
Аргентина во Рио де Жанеиро ја очекува финале на Светското првенство против Германија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град