Реал денес во Лисабон ќе ја лови својата десетта европска круна, а ривал му е градскиот Атлетико. Но, и пред почетокот на сезоната Анчелоти сфатил колку во клубот е важна таканаречената “la decima”. Тој признал дека во кралскиот клуб на сите во умот им е освојувањето на десетиот наслов европски првак.
“Откако дојдов во Реал, се се врти околу “decima”. Но, тоа не би го нарекол опсесија, само мотивација”, истакнал Анчелоти во разговор за Daily Mail.
Потоа Италијанецот се осврнал на ривалот во саботното финале.
“Атлетико е изнимно силна екипа против која имавме проблеми во шпанското првенство. Но, не треба многу да размислуваме за ривалот, и онака добро се познааме”.
За импресивниот триумф против Баерн во полуфиналето со вкупни 5-0 рекол: “Имавме фантастична мотивација и добра тактика. Клучен беше фактот дека успешно се браневме преку Бејл, Роналдо, Ди Марија, Модриќ…А Баерн не играше германски фудбал. Тоа беше филозофија од Гвардиола и Барселона. Потполно поинаков стил од оној што го играше Баерн под водство на Хејнкес. Ланскиот стил беше подиректен, со многу повеќе контранапади”.
За крај Анчелоти спомнал и за изедначувањето на рекордот со легендарниот менаџер на Ливерпул Боб Пејсли, единствен тренер во историјата со три европски титули.
“Дали ми е тој рекорд мотивација? Не, тоа е само причина за гордост. Се надевам дека ќе се изедначам со Пејсли”.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град