Бизнисменот од Косово, Бесник Бенц, им ветил еден милион евра на фудбалерите на репрезентацијата на Албанија доколку ја совладаат Србија во квалификациите за Еуро 2016.
Бенц бил разочаран што на албанските навивачи не им било овозможено да дојдат во Белград, со закани за нивно апсење.
“Длабоко сум разочаран со реакцијата на државата, која направи голем геноцид над нашиот народ во минатото, а сега не дозволува ниту навивачи да присуствуваат на спортски настан, односно тие нѐ ограничуваат”, рекол Бенц.
“Поради тоа, ветувам, дека во случај на наша победа, ќе уплатам премија од еден милион евра и во исто време ги повикувам и другите стопанственици ,како и навивачите, да ме поддржат во мечот против Србија”, рекол Бенц за Газета Шкип.
Албанија гостува во Србија во вторник во 20.45 часот на стадионот од Партизан, во второто коло од квалификациите за Европското првенство 2016 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град