Дел од навивачите на Манчестер Јунајтед изнајмиле авион кој во сабота, 15 минути, пред почетокот на натпреварот со Астон Вила од 32-коло од Премиер лигата, ќе го надлетува Олд Трафорд, пренесуваат англиските медиуми.
За авионот ќе биде закачен транспарент со кој навивачите на црвените ѓаволи сакат да му порачаат на Дејвид Мојс дека времето му е истечено, односно да го напушти клубот.
На транспарентот ќе пишува „Wrong one, Moyes out”.
Шкотскиот експерт истакнал дека слушнал за акцијата на навивачите, но и дека е поспрен од кога и да било да истрае во својата битка.
Екипата од Олд Трафорд моментално е дури на седмо место на табелата со многу мали шанси да избори место кое води во европските натпреварувања.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град