Ѕвездите го одредуваат вашиот стил

Стилот не се сведува само на сезонската обнова на гардеробата, туку може многу да говори за карактерот на личноста. Токму тој може да открие дали сте модна жртва или икона на стилот!

 |   | 
fashion
fashion

Стилот не се сведува само на сезонската обнова на гардеробата, туку може многу да говори за карактерот на личноста. Токму тој може да открие дали сте модна жртва или икона на стилот!

fashion

Огнени знаци (овен, лав, стрелец)

Овие знаци се карактеризираат со сексуален и провокативен стил. Жртви се на последните модни тенденции, а исто така не може да одолеат на скапи и раскошни додатоци.

Бои кои им одговараат: страсно црвено, златно, жолто и портокалово.

Лав – имаат вродено чувство за стил, иако на моменти оставаат впечаток дека се поклоничики на конезерватизмот во модата.

Стрелец – се вљубуваат во скапи и брендирани парчиња од последните модни трендови.

Овен – обожаваат впечатливи бои и дезени со цел да бидат забележани.

jeans

Воздушни знаци (близнаци, вага, водолија)

Стилот на воздушните знаци е младешки, разигран и независен од сите модни диктати.

Бои кои им одговараат: нежно розевa, крем пастелнa, небесно синa или разнобојност на едно парче.

Близнаци – немаат проблем стилот да го менуваат според расположението и воошто не им е тешко тоа да го прават неколку пати во денот.

Вага – нивниот стил се карактеризира со елегантност и гламур, а препознатливи се по минимализмот на аксесоарите.

Водолија – имаат најспецифичен вкус од сите знаци. Необично, ултрамодерно, контрасно и впечатливо се епитетите за стилот на водолиите.

fashion

Водени знаци (риби, рак, скорпија)

Знаците од водената стихија во стилот ги внесуваат нотите на мистеризоноста, нежноста и романтичноста. Почесто се одлучуваат за фустани и здолништа наместо панталони.

Бои кои им одговараат: снежно бела, сите нијанси на сина и сребрена.

Рак – обожаваат повеќеслојна удобна облека од природни материјали. Омилени им се парчињата од лен и памук.

Скорпија – најчесто ја нагласуваат сексуалноста во стилот на облекување. Обожаваат црно-црвени комбинации, високи потпетици и длабоко деколте.

Риби – префинетите материјали и едноставните модели секогаш им се слаба страна.

fashion

Земјени знаци (девица, јарец, бик)

Овие знаци ќе ги препознаете по класичениот, формален и едноставен стил на облекување.  Нивното мото е ништо вишок.

Бои кои им прилегаат: сите нијанси од зелената гама, сиво, црно и темно кафено.

Јарец – удобност е првиот критериум при изборот на облека, а препознатливи се по изборот на сочни бои.

Девица – внимаваат и на најмалите детали од стилот, а често можете да ги видите во материјали со апстракни дезени.

Бик – не придаваат преголемо значење на изгледот и се задоволуваат со просечноста на надворешниот изглед.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top