Зошто претеруваме со автопортретите на „Facebook“?

Трендот на правење фотографии од себе си моментално е еден од најактуелните. Што од суета, што од желба да се гледаме на фотка поубави отколку што навистина сме.

автопортрет
avtoportret

Трендот на правење фотографии од себе си,  моментално е еден од најактуелните. Што од суета, што од желба да се гледаме на фотка поубави отколку што навистина сме.

Justin BiberВо секојдневните ситуации поминуваме многу време гледајќи и интерпретирајќи ги туѓите лица и изрази. Во текот на животот стануваме експерти во ова, но кога станува збор за гледање на нашето лице, имаме многу малку искуство.

Перцепцијата за изразот на нашето лице доаѓа од чувството кога лицето ни мрда. Недостигот од визуелни информации за сопственото лице значи дека имаме многу неточна претстава за тоа како ни изгледа лицето во даден момент.

Недостигот на овие информации има длабок ефект врз нашето мислење за тоа како изгледаме – луѓе на кои им биле дадени две верзии од фотографии на нивното лице (едната дигитално манипулирана на која се „разубавени“), секогаш ја бирале поубавата, иако не е вистинската.

Со други зборови, мислиме дека сме помлади и попривлечни отколку што навистина сме, а тоа делумно може да ја објасни опсесијата со селфи фотки.

За прв пат имаме можност да се фоткаме цело време сè додека не направиме слики на кои сме прикажани како што се замислуваме во главата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top