Зошто е супер да се биде сингл за Нова година?!

Оваа листа низ 8 причини ќе ви одговори „Зошто е добро да сте сингл пред празниците“.

 |   | 
singl za Nova Godina
singl za Nova Godina

Оваа листа низ 8 причини ќе ви одговори „Зошто е добро да сте сингл пред празниците“.

singl za Nova GodinaПодароци

Не треба да се грижите дали ќе најдете совршен подарок ниту дали партнерот нешто ќе ви купи.

Расправии

Нема да се расправате каде и со кого ќе ја дочекате Новата година. Ќе правите се како што сакате сами.

Пари

Ќе потрошите помалку од колку да би имале партнер. А за девојките е среќна вест што се ќе потрошат на себе.

Изненадување

Енергијата и парите  кои ќе ги потрошите за на партнерот да му приредите изненадување, кое може и нема да му се допадне, пренасочете ги кон себе.

Забави

Наместо во парови да правите журка, самите организирајте забава. Дотерајте се по свој вкус и бидете сингл кралица на вечерта.

Музика и филмови

Можете да уживате во романтичен филм, без некој да ви каже дека тоа е навистина „лигаво“. Можете дури и да се расплачете, а вино добро би ви дошло.

Стрес

Докажано е дека лицата кои не се во врска, се помалку подложни на стрес. На крајот на краиштата- не сте сами!

Пријателите, роднините, родителите, колегите….сите се со вас.  И што е најважно да запомните- ако партнерот бил „тој вистинскиот“, немало да останете без него.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top