Женскиот мозок не се одмара

Канадските научници утврдиле дека женскиот мозок е поактивен од машкиот, кој од друга страна, подобро се одмара, пишува весникот „Фигаро“.

 |  Маја Савиќ  | 
maz-zena
маж-жена

Канадските научници утврдиле дека женскиот мозок е поактивен од машкиот, кој од друга страна, подобро се одмара, пишува весникот „Фигаро“. Способноста на мажите да не мислат на ништо е заснована на реалниот факт дека за време на одморот активноста на мозочните неврони е многу поголема кај жените, отколку кај мажите.

На прашањето дали тоа значи дека женскиот мозок никогаш не се одмара, канадскиот научник Адриана Мелек од Одделението за психијатрија на Универзитетот во Монтреал тврди дека машкиот мозок едноставно подобро се одмара од мозокот на жените.

– Секој мозок всушност е постојано активен, само прашањето е во која мера, но факт е дека машкиот мозок подобро се одмара од женскиот, додаде таа.

– Се уште не сме во состојба да кажеме во која мера врз таквата разлика влијаат социјалните фактори и хормоните. Во актуелните околности жените постојано се зафатени со различни работи и мораат да држат под контрола повеќе работи од мажите, така што вакво нешто и воопшто не е зачудувачко, додаде таа.

zenski mozok vs. mashki mozok{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top