На Земјата пронајден метеорит од Меркур

Имаме метеорити од Марс, имаме и од Месечината, но сега имаме и од Меркур.

meteor
метеор

Имаме метеорити од Марс, имаме и од Месечината, но сега имаме и од Меркур.

Ова е NWA 7325, метеорит кој паднал на Земјата во јужно Мароко на почетокот на 2012 година. Научниците сметаат дека тој доаѓа од планетата Меркур.

меркурДосега, на тлото на нашата планета се пронајдени околу 70 метеорити од Марс и 180 од месечината. Но овој редок камен е единствениот од подалечна планета. Како научниците знаат дека парчето потекнува од Меркур?

Магнетизмот на каменот совршено одговара со оној на Меркур. Освен тоа, тој содржи високи количества магнезиум и хром, но мало количество железо, што би се очекувале од дел од Меркур.

Метеоритот може да се види во музејот на универзитетот „Јејл“ до 2 септември наредната година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top