„Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“

Изминатиов викенд Здружението ЕДЕН одржа консултативни средби со засегнати чинители во Охридско- Струшкиот регион, а како дел од проектот „Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“ кој е поддржан од ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации, спроведуван од ЕВРОТИНК, Еко-свест, Реактор и Зенит.

 |   | 

Изминатиов викенд Здружението ЕДЕН одржа консултативни средби со засегнати чинители во Охридско- Струшкиот регион, а како дел од проектот „Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“ кој е поддржан од ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации, спроведуван од ЕВРОТИНК, Еко-свест, Реактор и Зенит.

Целта на проектот е да се направи анализа на потребите и мислењата на сите засегнати чинители, како и правна анализа на сите домашни и меѓународни акти поврзани со НП Галичица како и изнаоѓање решенија за одржлив развој на регионот.

Се одржаа вкупно три консултативни средби со граѓански организации, граѓани и државни институции. Со жалење известуваме дека најмалку присуство имаше на средбата со граѓани.

На консултативната средба со граѓански организации присутни беа организации од Охрид и Струга. Се истакна огромниот проблем кој Охрид и Струга го имаат со отпадот- несовесно фрлање отпад од граѓаните и потфрлање во неговото чистење од страна на ЈП Охридски Комуналец, како и проблемот со дивите депонии кои ја загадуваат животната средина. Се посочи и опасноста од контаминација на водата за пиење од дивите депонии. Граѓанските организации како проблем го посочија и непостоечкиот План за управување со крајбрежјето како и недоволна комуникација помеѓу граѓанските организации во регионот. Сите присутни беа согласни дека е итно потребна еколошка едукација во училиштата.

Консултативната средба со граѓани во Охрид на наше изненадување беше најслабо посетена што укажува на немање интерес кај локалното население за учество во носењето одлуки од значење за квалитетот на живот. Сепак присутните ги посочија отпадот и брзото непланско градење на нови објекти на сметка на комплетно уништување на зелените површини како причина за уништување природата и загадување на воздухот во Охрид.

На консултативната средба со државни институции присутни беа претставници од општините Ресен, Охрид и Струга. Сите општини го посочија отпадот како огромен проблем на овој регион. За општина Ресен регионалното управување со отпадот е решение за справување со овој проблем. Од општина Струга алармираа дека депониите го загадуваат и езерото. Одтаму сметаат и дека не постои заинтересираност на локалните граѓански организации за соработка и решавање на овие проблеми.

“Од половина метар од површината на земјата е езерото. Каналот кај Калишта е веднаш до депонијата. Луѓе живеат над депонијата, тоа е и хуманитарна катастрофа, не само еколошка.” – рече преставникот од општина Струга.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top