Забранета реклама на L’Oreаl затоа што е претерана

Рекламата за кремата на L’Oreаl против брчки со преубавата оскаровка Рејчел Вајс сепак е претерана, заклучиле експертите за рекламни стандарди.

 |   | 
loreal
loreal

Loreal reklamaСпоред пишувањата на Guardian, експертите за рекламни стандарди ќе ја забранат рекламата на L’Oreal за кремата против брчки во која се појавува Рејчел Вајс, која наводно наведува на погрешни заклучоци.

Управата за стандарди во рекламирањето АЅА оценила дека таа реклама веќе не смее да се појави во сегашниот облик.

Имено, за Revitalift Repair 10 рекле дека во црно-бела техника е прикажано реалното лице на Рејчел Вајс, а откако ќе ја употреби кремата, лицето и станува совршено без никакви неправилности.
Loreal reklama
“Кожата ви е мазна, тенот е совршен. Тоа не е facelift, тоа е Revitalift.”, вели актерката во рекламата.

На темел на обвинението на застапничката на либералните демократи во британскиот парламент Свинсон, управата објавила дека сликата од лицето на Рејчел Вајс е изменета во постпродукција и претераното тврдење за ефикасноста на производот доведува до заблуда.

Свинсон, една од основачите на кампањата Body Confidence, лани успешно поминала со жалбата за дигиталното поправање на фотографијата на Џулија Робертс за течната пудра Teint Miracle и за фотографијата од Кристи Турлингтон за течната пудра The Eraser.
Loreal reklama
“Индустријата за убавина и за рекламирање мораат да престанат со лажните приказни со цел да им земат пари на купувачите. Рекламирањето мора да биде разновидно, различна боја на кожа, облици на тела, величина и години.”, рекла таа.

Портпаролот на L’Oreal рекол дека компанијата е разочарана што АЅА се противи за рекламата за Revitalift Repair 10.

ASA на L’Oreal им препорачала да се погрижат постпродукцијата да не биде таа која погрешно ќе ги претстави резултатите кои можат да се постигнат со рекламираниот производ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top