За еден месец, второ поскапување на горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поскапија за 2,5 денари за литар, а цената на дизел горивата се зголеми за 1,5 денари, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика.

бензин

бензинБензините од синоќа на полноќ поскапија за 2,5 денари за литар, а цената на дизел горивата се зголеми за 1,5 денари, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 62,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава за 45, додека Екстра лесното масло за домаќинство за 33,5 денари за литар.

Како причина за поскапувањето, Комисијата ги посочува повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top