Вселенскиот отпад станува поголем

Меѓународната вселенска станица (ISS) ќе има влажна „смрт“, потопена во еден од океаните на Земјата.

Руската вселенска агенција ги објави своите планови да ја потопи ISS некое време по 2020 година, откако ќе го достигне крајот на својот работен век. Одлуката за ваков крај на ISS е донесена бидејќи доколку биде оставена во вселената ќе претставува ризик, односно може да биде проблематична како „вселенски отпад“.
ISS беше лансирана во 1998 и според првичните планови требаше да биде оперативна 15 години (односно до 2013), но неодамна беше постигната согласност да работи до 2020. Со потопувањето во некој океан ISS ќе ги следи стапките на нејзиниот претходник, руската вселенска станица Мир, која влета во Тихиот океан во 2001 после 15 години во вселената.

Заменикот на Роскосмос вселенската агенција, Витали Давидов, изјави:
„Откако ќе ја заврши својата работа, ќе бидеме приморани да ја потопиме ISS. Не смееме да ја оставиме во орбитата, прекомплексна е, станува збор за преголем објект, кој може да остави многу ѓубре зад себе“.
Неодамна, шестчлениот екипаж на ISS беше приморан да оди во леталото за спасување (иако не беа приморани фактички да се евакуираат) кога парче отпад за малку ќе се судреше со станицата.
ISS орбитира на 350 километри над Земјата и е заеднички проект на Русија, САД, Европа, Јапонија и Канада.
До 2022, ISS ќе наполни 22 години во служба на вселенските проекти на Земјата. Може само да се надеваме дека дотогаш ќе постои некоја иновација од еднаква важност како ISS во 1998 која ќе ја замени станицата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top