Време е за развод доколку…

Во секој брак има проблеми, но некои брачни парови работат на нив и ги решаваат, додека други оставаат работите да одат предалеку, поточно до точка од која повеќе нема враќање.

razvod
развод

Во секој брак има проблеми, но некои брачни парови работат на нив и ги решаваат, додека други оставаат работите да одат предалеку, поточно до точка од која повеќе нема враќање.

razvodМечтаете за живот без брачниот партнер

Ако забележите дека често се „фаќате“ себеси како мечтаете за тоа како би изгледал животот без вашиот брачен партнер и како тој живот би бил позабавен и повеќе позитивен, тогаш голема е веројатноста дека на вашата љубов и` дошол крајот, велат брачните терапевти. Мечтаењето покажува дека сте спремни за ново поглавје од животот и сте свесни дека моментално не сте задоволни со вашиот живот.

Лошото го совладува доброто

Знак дека на бракот му се ближи крајот е и тоа што лошото го совладува доброто. Тоа значи дека постојано мислите на лошите работи, а доброто го заборавате и се однесувате како воопшто да го нема. Кога воочувате ваква ситуација, бидете спремни дека за тоа постои голема веројатност да продолжите вака.

razvodПовеќе не разговарате за вашите чувства и размислувања

Повеќе не си кажувате за што размислувате и што чувствувате, ниту пак вашиот брачен партнер. Едноставно, не сакате да ја трошите енергијата бидејќи сметате дека на другата страна повеќе не и`е грижа. Она што е најлошо од се`, воопшто не се грижите за тоа. Експертите велат дека тоа е клучна точка од која нема враќање.

Сами ги решавате проблемите

Некогаш секој проблем сте го решавале заедно, а сега сето тоа го правите сами. Всушност, како што велат експертите, потсвесно се спремате за самостоен живот. Свесно не сакате да го вклучите партнерот бидејќи повеќе не ја цените неговата помош во било која смисла и порадо тоа би го направиле сами.

Исчезнал сексот

Повеќе го нема сексот, но ни тоа повеќе не ве оптеретува премногу. И онака стана досаден и монотон. Веројатно размислувате за секс со друга личност, а и можеби веќе тоа се случило. Ако сфатите дека сте престанале да се трудите околу сексот, на приказната навистина и` доаѓа крајот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top