За времето кога Сахара била дом на цивилизациите

Сахара е најголемата пустина на Земјата. Животот таму сега е невозможен, но само пред неколку илјади години, таа била дом на рани човечки цивилизации.

sahara
сахара

Сахара е најголемата пустина на Земјата. Животот таму сега е невозможен, но само пред неколку илјади години, таа била дом на рани човечки цивилизации.

saharaДенес, пустината е огромна и тешка за истражување. Повеќе храбри археолози кои патувале подлабоко во пустината во изминативе неколку стотици години откриле нешто неверојатно. Таму има огромни мурали со палеолитска уметност кои се стари најмалку 10.000 години.
На муралите се гледа животот на луѓето од најстарите времиња, но и од бронзената ера и луѓе на коњи. Прашањето тука е: што се случило со овие луѓе? Каде заминале и како живееле на такво место?

Стефан Крупелин е археолог од Германија кој сакал да ја разоткрие мистеријата и одел во пустината заедно со цел тим истражувачи секоја година со децении, во потрага по траги. Тие ги пронашле пештерските цртежи и во меѓувреме откриле показатели на Сахара пред илјадници години.

saharaВо пустите долини тие пронашле школки и остатоци од риба, како и остатоци од дрва и траги од полен. Во истражувањето од 2006, Крупелин и тимот покажуваат каде живееле луѓето и докажуваат дека Сахара некогаш била зелена површина со реки и џунгли.

Околу 5.300 години п.н.е. таа започнала да се суши и тогаш луѓето започнале да се населуваат околу Нил. Според Крупелин, климатските промени настанале полека. На Сахара ѝ биле потребни многу години да стане она што е денес, а луѓето полека се населувале подалеку од неа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top