Вода на Марс

Научниците од НАСА објавија дека го открија најсилниот доказ дека постои вода на површината на Црвената планета, нешто за кое се сомневале околу една деценија – водата излегува од долините и кањоните кога е топло, а се суши кога е студено.

mars

Научниците од НАСА објавија дека го открија најсилниот доказ дека постои вода на површината на Црвената планета, нешто за кое се сомневале околу една деценија – водата излегува од долините и кањоните кога е топло, а се суши кога е студено.

marsНАСА се`уште не може да објасни од каде доаѓа водата, меѓутоа тоа сега засега воопшто не е важно. Важно е дека постои вода!

Mars Reconnaissance Orbiter (MRO) најде докази кои покажуваат дека и денес има течна вода на оваа планета. Темните траги на делови од планетата, што се гледаат на фотографиите, се такви поради солта која се наоѓа во водата – научниците велат дека ова може да го предизвика само течна вода, дури и да е малку под површината на земјата.

Тројцата научници кои говорат на прес конференцијата, се автори на истражувањето на тема докази за вода на Марс. Постоењето на вода на оваа планета покренува прашања во насока на живот на Марс, некогаш и во иднина. Научниците велат дека несомнено е дека некогаш имало некаква форма на живот на Марс, но за иднина, сè уште е рано да се зборува. Тие се надеваат дека до 2020 ќе можат да направат ровер понапреден и подобар од Curiosity (бидејќи атмосферските услови на локација го наложуваат ова) со цел да го испратат во ове делови, за да се врати со примероци од овие „речни корита“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top