Во Охрид работилница на тема „Музиката денес“

Охридско лето  на 11 – ти јуни со почеток од 18 30 часот во катедралната црква Св. Софија  организира работилница на тема „Музиката денес“. Предавач на работилницата ќе биде Џијан Емин, еден од најдобрите македонски музички уметници.

 |   | 

Охридско лето на 11 – ти јуни со почеток од 18 30 часот во катедралната црква Св. Софија организира работилница на тема „Музиката денес“. Предавач на работилницата ќе биде Џијан Емин, еден од најдобрите македонски музички уметници.

На предавањето ќе се зборува за различните перцепции на музиката, начинот на кој се создавала низ историјата и како се восприемала, како се создава денес и како денес се доживува. Колку технологијата реално ја загрозува суштинската идеја на композиторот во процесот на создавање, како да распознаваме добра од лоша музика, квантитет наспроти квалитет.

Ова ќе бидат дел од прашањата на кои Џијан Емин ќе се обиде да даде одговори и објаснување за една од најмистериозните појави во уметноста – музиката.

По предавањето, со почеток од 20 часот, следи авторски концерт на квартетот на Џијан Емин во состав: Кирил Кузманов – алт саксофон, флејта, Џијан Емин – пијано, клавијатури, глас, електроника, Кирил Туфекчиевски – контрабас и Гоце Стевковски – тапани.
Џијан Емин, умешно прави една нова музичка перцепција, наметнува нова звучна естетика која се базира на неговото навистина огромно искуство како мултимедијален музичар – многу години како прв хорнист во Македонска филхармонија, клавијатурист, гитарист, композитор, аранжер, сега и диригент.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top