Новиот македонски игран филм „Џган” ќе почне да се прикажува низ центрите за култура во повеќето градови низ републикава. Филмот ќе има можност да го погледне и охридската публика.
Новиот македонски игран филм „Џган” ќе почне да се прикажува низ центрите за култура во повеќето градови низ републикава.
Филмот ќе има можност да го погледне и охридската публика.
„Џган” е дебитантскиот игран филм на режисерот Вардан Тозија. Својата премиера филмот ќе ја има на 30-ти март во Градското Кино Милениум во Скопје, а веќе следниот ден своја филмска премиера ќе доживее и во Охрид.
Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, и SEE Cinema network.
Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Во филмот од останатата актерска екипа играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Саша Чиникиќ, Ристо Буразденов и Мартин Живковски.
Поведен од слоганот на филмот дека „Никој не е роден насилен”, Вардан Тозија го изработи и сценариото, дизајнот на шминката и маските ги изработи Горан Игњатовски, костимограф е Жаклина Крстевска, дизајнер на Звук е Игор Поповски, музиката ја работеше Александар Пејовски, сценографијата е дело на Кирил Спасески и Наташа Димитриевска, директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажер е Атанас Ѓеоргиев, кастингот го работеше Кирјана Николовска, а продуцент на филмот е Огнен Антов.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град