Во авионска несреќа загина Тарзан

58-годишнот актер Џо Лара познат по својата улога на Тарзан, и неговата 66-годишна сопруга, загинале во авионската несреќа во близина на американскиот град Нешвил.

 |   | 

58-годишнот актер Џо Лара познат по својата улога на Тарзан, и неговата 66-годишна сопруга, загинале во авионската несреќа во близина на американскиот град Нешвил.
Малиот бизнис џет авион се срушил во саботата околу 11:00 часот по локално време, непосредно по полетувањето од Смирна, аеродромот во Тенеси за Палм Бич, Флорида, пренесуваат странските медиуми. Авионот се спуштил во езерото Перси Прист, на околу 19 километри јужно од Нешвил.
Федералната управа за авијација потврди дека во авионот се наоѓале седум лица, објави „Си-Ен-Ен“.

Лара го играше Тарзан во телевизискиот филм „Tarzan in Manhattan“ во 1989 година. Подоцна глумеше во телевизиската серија „Tarzan: The Epic Adventures“, која траеше од 1996-1997 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top