Мијакеџима е мал остров во југоисточна Јапонија. Високото ниво на вулканска активност на островот предизвикува испуштање на отровен гас од земјата. Во 2000, 3.600 жители биле принудувани да се отселат, но тие го одбивале тоа. Наместо тоа, тие се согласиле да носат гас-маска постојано.
Во изминатиот век вулканите на островот еруптирале шест пати. Најлошата ерупција била онаа во јуни 2000, кога после мирување од 17 години, Ојама еруптирал и предизвикал 17.500 (добро прочитавте, 17 илјади и петстотини) земјотреси од 26 јуни до 21 јули.Во овој период на земјотреси и ерупции островот бил обвиен во прав. Катастрофата предизвикала постојано испуштање на отровен сулфур диоксид од земјата.
После три месеци, владата преземала акција и спровела принудна масивна евакуација во септември годината. Следните пет години, островот бил забранет за посета. Сите мртви дрвја и остатоци од автомобили и згради создавале послеапокалиптичен изглед. Во 2005, жителите добиле дозвола за враќање во своите домови. 2.800 од нив одлучиле да се вратат со гас-маските, додека останатите останале во Токио.
И покрај ова, речиси една третина од островот останува забранет за посета а владата редовно спроведува здравствена проверка. И покрај опасноста од труење, локалните жители и туристите престојуваат таму.
Гас-маските се достапни речиси на секој чекор, а напуштените домови и зградите уништени од лава сега се начин на заработка од туризам.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град