Витни Хјустон се удавила во када?

Mожно е Витни Хјустон да се удавила во сопствената када, откако претходно најверојатно се онесвестила, покажале резултатите од првичната обдукција.

 |   | 
Vitni
Витни

Mожно е Витни Хјустон да се удавила во сопствената када, откако претходно најверојатно се онесвестила, покажале резултатите од првичната обдукција.

VitniПри обдукцијата врз мртвото тело на Витни Хјустон, била пронајдена вода во нејзините бели дробови, а се претпоставува дека таа првично се онесвестила, а потоа и удавила во кадата. Сепак, точната причина за смртта на 48-годишната пејачка не е позната, бидејќи се чекаат и резултатите од токсиколошката анализа, за кои се потребни четири до шест недели, пишува TMZ.

Фактот дека се удавила го потврдува и наоѓањето на безживотното тело од страна на нејзината фризерка, потопено во кадата. Сепак, иако се верува дека Витни заспала или се онесвестила, што го предизвикало нејзиното давење, постои и можност таа веќе да била мртва во моментот кога нејзината глава се нашла под вода. Постои доста голема веројатност несвестицата да и била предизвикана од комбинацијата на алкохол и Ксанекс, кој пејачката редовно го земала за смирување пред големите настапи.

Пејачката беше пронајдена мртва во хотелската соба во Беверли Хилс во саботата попладне.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top