Викендов часовниците одат еден час напред

Викендов кој доаѓа започнува летното сметање на времето, односно на 25 кон 26 март кога стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот наутро

 |   | 

Викендов кој доаѓа започнува летното сметање на времето, односно на 25 кон 26 март кога стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот наутро.

Преминувањето од зимско на летно сметање на времето е воведено со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен.

Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври кога во три часот наутро стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top