Оскар ги распродаде сите слободни места за реклами за време на преносот.
Оскар ги распродаде сите слободни места за реклами за време на преносот.
И иако не е во иста класа со Супер Боул, сепак од емитувањето на една реклама од 30 секунди ќе заработат околу 2,5 пати повеќе отколку што годишно се троши на онлајн рекламирање во Македонија.Блокот од 30 секунди на годинешните Оскари чини од 1,7 до 1,85 милиони долари. Наградите, кои кај маркетинг агенциите се познати како Супер Боул за жени, ќе се емитуваат на ЕјБиСи на 24-ти февруари.
Најголемиот дел од позициите биле продадени уште пред Божиќ, а вчера било продадено и последното слободно место. Минатата година ЕјБиСи заврши со продажбата на слободни места на 8-ми февруари.
Минатата година Оскар собра публика од 39,3 милиони гледачи, со што стана 5-от најгледан Оскар на сите времиња. За споредба годинешниот Супер Боул имаше 108 милиони гледачи.
Она што посебно ги привлекува огласувачите кон Оскарите е демографијата на гледачите: 62% се жени, а 45% (и мажи и жени) се на возраст од 18 до 49 години.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град