Вајнхаус кремирана

Семејството Вајнхаус последното испраќање на нивната ќерка Ејми го организирало на гробиштата “Еџвербери“ во северен Лондон.

Популарната пејачка била кремирана, а нејзините најблиски пепелта ја измешале со онаа на нејзината баба, која Ејми ја обожувала.
Три дена по смртта, и еден ден по обдукцијата, која треба да го даде одговорот за ненадејната смрт на младата британска пејачка, Ејми Вајнхаус била погребана на привата церемонија затворена за јавноста. Ја испратиле членовите на семејството и нејзини блиски пријателји, додека на фотографите, снимателите и на нејзините обожаватели не им било допуштено да присуствуваат.

Семејството на Ејми, продуцентотна нејзиниот албум “Бек то блек“, Марк Ронсон, кој ја викал “сестра и сродна музичка душа“, една од нејзините најблиски пријателки Кели Озборн,нејзиното последно момче Рег Тревис, како и нејзините пратечки вокали, членовите на бендот и менаџерот Реј Косберт, биле меѓу 300-те присутни на погребот. Церемонијата траела околу 45 минути, а ја водел рабинот Френк Хелмер, кој молитвата ја почнал на англиски и на хебрејски. Таткото на Ејми, Мич, потоа, одржал кус говор, во кој се присетил на неколку интересни ситуации од нејзиното детство. На крајот завршил со зборовите:

“Лека ноќ ангелу мој. Убаво спиј. Мама и тато те сакаат многу“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top