Утрински секс, о да!

Сексот наутрина ќе ве раздвижи, разбуди и ќе предизвика насмевка на вашето лице во текот на целиот ден, велат научниците.

dvojka
двојка

Сексот наутрина ќе ве раздвижи, разбуди и ќе предизвика насмевка на вашето лице во текот на целиот ден, велат научниците.

Мажите секогаш се расположени за утрински секс бидејќи нивните тестостерони се будат пред нив, а ако жените се разбудат пред партнерот, секако би требало да го разбудат и него со утринското изненадување, бидејќи тие се воодушевуваат од ваквите авантури, тврди списанието “Cosmopolitan”.

dvojkaИако истражувањето покажало дека жените помалку уживаат во овој вид на утринска активност бидејќи се оптеретени со својот изглед, секоја жена треба да знае дека наутро е најубава за својот партнер (се разбира доколку претходната вечер не сте конзумирале преголема количина на алкохол и сте заборавиле да ја извадите шминката пред спиење, што секако е недозволиво).
Од друга страна пак, истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија докажале дека жените го обожуваат мирисот на својот партнер наутро.
За жал, некои партнери го избегнуваат водењето на љубов наутро заради “утринскиот здив” и нивните најчести одговори се дека, додека да станат и да ги измијат забите, нив им поминува желбата за секс.
Но, научниците сметаат дека тоа се глупави изговори кои не би требало да ги спречат двојките да споделат фантастични утрински моменти.

Живееме во време кога речиси се е достапно, од различни течности за миење на забите кои може да ги чуваме на полиците покрај креветот, до таблети кои го освежуваат здивот.
Така, постојат мал милион начини на кои може да се решите од проблемот со утринскиот здив, а при тоа да не мора воопшто да станувате од креветот за да го сторите тоа, што овозможува без проблеми да може да практикувате утрински секс и со тоа да го започнете денот со насмевка на вашето лице.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top